Македонија
29. July 2021 - 10:29

127 сообраќајни прекршоци во Скопје, 28 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, седум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се 11 санкции за користење на мобилен телефон, седум за нерегистрирани возила, шест за некористење сигурносен појас, четири за возење под дејство на алкохол.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.