Македонија
10. August 2022 - 16:36

13-ти Македокс во Скопје

Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс, ќе биде отворен со филмот „Сѐ што дише“ на режисерот Шаун Аксин во индиско-британска продукција. На фестивалот кој ќе се одржи под мотото „Лупење идеи“,  ќе има 70 гости од цела Европа.

Изјава Петрула Вељановска: „Со месеци гледавме филмови и секако ја ‘лупавме‘ програмата со месеци, за да дојдеме на ова овогодишно издание до една најавтентична форма, која што може да ја изрази креативната сила на МакеДокс како фестивал за креативен документарен филм“

Покрај главната програма на фестивалот предвидена е и кратка програма, студентска, младинска и детска програма. Учесниците во сите програми ќе се борат за пет награди.  Во рамки на фестивалот ќе се одржи и мастер клас под водство на данскиот критичар Туестен Милер.

Изјава Сара Ферро. координатор на „Макекопродокс“: Оваа година за дел од Балканска филмска мрежа којшто го предводи Хелен Хенсен од Данска ќе ни бидат присутни претставници од Словенечкиот филмски центар, од Хрватскиот аудиовизуелен центар, од Косовскиот центар за кинематографија, од Албанскиот центар за кинематографија и од Бугарскиот национален филмски центар додека Српскиот, Црногорскиот и Грчкиот центар ќе ни се приклучат онлајн и затоа имаме хибридно издание годинава“

Фестивалот ќе се одржи на четири локации во Скопје во период од 18 до 25 август.