Бизнис
20. September 2019 - 16:29

13,7 милиoни евра за изградба на 3 нови и модернизирање на 5 постоечки патарини

Електронски ќе се плаќа патарина и на Коридорот 8. Сите наплатни рампи од Миладиновци до Гостивар ќе бидат модернизирани, а ќе се градат уште три нови. Два наплатни пункта ќе има на новиот автопат Штип – Миладиновци и една на автопатот Кичево Охрид кога тој ќе биде ставен во употреба. Целиот прокет ќе чини 13,7 милиони евра. 13 – те милиони се кредит од ЕБОР, а 700.000  се од буџетот на ЈПД.

Освен електорнска наплата, новите патарини сами ќе си произведуваат и струја затоа што пропкетот предвидува поставување фотоволтаични панели на станиците.

Летово статруваше електорнски систем на наплата на патарините и на Коридорот 10, тој е прифатен од граѓаните кои купиле над 9000 електорнски картички. Зголемена и наплатата на патарина во однос на претходните години.

Воведувањето електронска наплата на сите патарини е дел од интелегентниот транспортен систем кој е предвиден со националната стратегија за периодот од 2018 до 2030 година.

Ова е седми инфраструктурен прокет во земјава поддржан од ЕБОР. Банката досега вложила тука 360 милиони евра.