Македонија
1. March 2021 - 9:38

149 санкционирани возачи во Скопје, 47 за брзо возење, седум под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 47, 18 санкции за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се пет санкции за користење на мобилен телефон, седум за возење под дејство на алкохол, четири за некористење сигурносен појас и 23 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.