Македонија
2. July 2020 - 15:02

15 починати и 173 нови случаи на коронавирус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, Струмица-1, Крушево-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-3, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-1, Штип-7, Тетово-12, Струга-10, Велес-1, Охрид-4, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Неготино-2.

Починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 лица, на возраст 64,73 и 80 години. 

Во ГОБ „8 септември“ починати се 9 лица, двајца пациенти на возраст од 54 години, останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години.

Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 односно 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6625, бројката на оздравени пациенти е 2748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3556. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 3208, активни 2010
•       Куманово 769, активни 219
•       Дебар 102, активни 50
•       Штип 355, активни 161
•       Прилеп 269, активни 43
•       Тетово 723, активни 389
•       Струга 242, активни 145
•       Велес 189, активни 42
•       Битола 54, активни 20
•       Охрид 180, активни 151
•       Кавадарци 21, активни 15
•       Гостивар 129, активни 70
•       Гевгелија 12, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 16, активни 10
•       Крива Паланка 15, активни 9
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 7, активни 4
•       Кочани 73, активни 21
•       Пробиштип 20, активни 11
•       Демир Хисар 2, активни 1
•       Македонски Брод 5, активни 3
•       Пехчево 6, активни 3
•       Берово 3, активни 1
•       Валандово 7, активни 3
•       Виница 3, активни 0
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 4, активни 1
•       Свети Николе 36, активни 32
•       Кичево 38, активни 32
•       Ресен 111, активни 97
•       Неготино 21, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1653 теста се преку: ИЈЗ –1001, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –101, Биотек –105, МАНУ -112, Жан Митрев (Филип Втори) -138, Судска медицина-6,  Систина  со PCR метода -161, ЦЈЗ Битола-29, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле се хоспитализирани 26 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се  8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 87 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 422
•       Аеродром - 154
•       Бутел - 162
•       Гази Баба - 177
•       Центар – 141
•       Карпош – 160
•       Сарај – 155
•       Кисела Вода – 114
•       Ѓорче Петров – 110
•       Студеничани – 110
•       Шуто Оризари – 88
•       Арачиново – 51
•       Илинден – 32
•       Петровец – 17
•       Чучер Сандево – 20
•       Сопиште – 13
•       Зелениково-4
•       Странец – 2