Македонија
13. October 2019 - 16:46

19-годишна девојка загина, а возачот тешко повредени во сообраќајка кај Струмица

19 годишна девојка од Струмица загина, а едно лице е повредено во тешка сообраќајна несреќа која се случи рано утрово на магистралниот пат Струмица Радовиш кај селото Радичево.

Според првичните информации до несреќата дошло при судир помеѓу камион ДАФ со радовишки регистарски ознаки  и патничко моторно возило фолксваген шаран со бугарски национални ознаки во кое како совозач се наоѓала и 19 годишната девојка.Од силината на ударот девојката починала на лице место, додека возачот 31 годишен струмичанец  со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза.

Во извлекувањето на загинатата и повредениот возач се вклучила и струмичката противпожарна единица.  На терен биле шестмина пожарникари со едно возило и хидраулична алатка. Како точно дошло до несреќата и  која била причината што ја предизвикала ќе покаже истрагата. За време на увидот сообраќајот на овој дел од делницата  Струмица Радовиш беше пренасочуван по спореден патен правец.