Македонија
24. јуни 2019 - 16:53

2-годишно дете заболено од маларија - се заразило во Кенија

Двегодишно дете од Скопје заболело од маларија. Заразната болест што ја пренесуваат комарци  ја добило во Кенија каде престојувало со родителите. Симптомите се појавиле уште додека биле во африканската земја, а по враќање во Македонија веднаш е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести. Од четвртокот минатата недела е на болничко лекување. Лекарите велат дека неговата здравствена состојба е добра и детето веќе нема паразити во организмот. Од скопскиот центар за јавно здравје направиле комплетна епидемиолошка анкета а пациентот ќе го следат во наредните две години. Лекарите не се сеќаваат изминатите две децениции да имале случај, толку мало дете да заболи од маларија.

-Проверивме се, каде било, со кого и ќе биде следено во наредната година до две, што значи во тој период родителите ќе мора да го носат на рпеглед кога ќе ги побвараме. Тој надзор треба бидејќи може да јави рецидиви...од маларија не се стекнува комплетен имунитет и после заболување, вели примариус др. Билјана Даниловска, раководител на епидемиологина во ЦЈЗ Скопје.

Мајката на заболеното дете тргнала подготвена на пат со неопходната антималарична терапија. Но бидејќи детето почнало да повраќа ја прекинала. Епидемиолозите со апел...при патување во Африка и земји од Азија кои се ендемски подрачја не само на маларија туку и други заболувања што ги пренеусваат комарците да се заштитат со неопходните вакцини и лекови.

-Имаме вакцини за жолта треска и ја примаат луѓето овде кај нас пред да заминат. Но за маларија нема вакцина тоа се лекови и останува на сосвеста на граѓаните дали таму ќе ја земаат терапијата, вели Даниловска.

Изминатите години постојано има по неколку случаи на импортирани случаи на маларија а имаше и починати.  И додека оваа болест засега е само увозна, опасност демне и од западно нилската треска што ја пренесуваат тигрестите комарци кои ги има и во нашата земја. Епидемиолозите советуваат дека граѓаните треба да користат средства за заштита како на телото така и во домовите.