Живот
30. November 2015 - 16:11

20 најголеми заблуди во кои луѓето веруваат

Уште од најраното детство не уверуваат дека Монт Еверест е највисоката планина во светот, да не претеруваме со слатките бидејќи ќе бидеме хиперактивни и дека треба да носиме капа кога е ладно.

Но експертите одлучија да ги разоткријат најневообичаените претпоставки и да објават листа на современи заблуди додавајќи дека доколку една работа ја слушнеме повеќе пати, ќе почнеме да веруваме во истата. Индепендет, открива 20 најголеми заблуди во кои веруваат луѓето.

1. Кафе

Повеќето од луѓето мисли дека кафето се состои од зрна, но експертите велат дека се состои од семки кои се нарекуваат зрна.

2. Камелеон

Сите мислат дека камелеоните менуваат боја за да се прилагодат на околината, но тие ја менуваат бојата зависно од нивното расположение, температура и изложеност на сончева светлина.

3. Монт Еверест

Многу често ја нарекуваат како највисокиот планина на светот, но доколку врвот на планината се наоѓа највисоко од нивото на морето до било кој друг врв, Мауна Кеа е највисоката планинска доколку мериме од подножјето до врвот на планината.

4. Кинескиот ѕид

Луѓето се уверени дека Кинескиот ѕид се гледа од вселената. Но астронаутите на Аполо потврдиле дека не се гледа од Месечината. Се што се гледа од месечината  е бело сина мермерна боја.

5. Кучешки години

Една човечка година наводно е еднаква на седум кучешки. Но ова не важи за сите кучиња бидејќи зависи од големината и видот на кучето.

6. Губење на топлината

Често се вели дека најбрзо ја губиме топлината на нашата глава. Експертите велат дека ова е мит, додавајќи дека на луѓето би им било еднакво ладно доколку на температура под нулата тие излезат без капа односно без гаќи.

7. Земја

Сите нас на училиште не учеа дека Земјата се врти околу Сонцето, но технички Земјата, Сонцето и другите планети орбитираат околу центарот на сончевиот систем.

8. Чуството на вкус

Мислите дека различни делови од јазикот детектираат различни вкусови? Вкусот доаѓа од сите делови на јазикот, иако различни делови се чуствителни на различни вкусови.

9. Кикирики

Сите мислат дека кикириките се вбројуваат во семејството на јаткасти плодови, но вистината е дека тие припаѓаат на семејството на мешунките, заедно со гравот, грашокот, сојата итн.

10. Деца и слатки

Родителите често тврдат дека децата им с еполни со енергија по јадење на слатки. Но тоа не е вистина, бидејќи многу истражувања докажале дека шеќерот на ниеден начин не предизвикува хиперактивност.

11. Човечки сетила

Многу од луѓето мислат дека имаат пет сетила. Но постојат најмалку девет, додека научниците веруваат дека постојат дваесет.

12. Колачи на судбината

Се смета дека се работи за традиционален кинески рецепт, но "измислени" се од Американците.

13. Суши

За време на конзумирање на ова традиционално јапонско јадење, луѓето мислат дека јадат нешто што во превод значи сурова риба, но сушито всушност значни нешто кисело.

15. Викиншките кациги со рогови

Од некои причини целиот свет верува дека викинзите оделе наоколу со рогови на главите, но не постојат никакви докази дека ова е вистина.

15. Забрането овошје

Сите сметаат дека забранетото овошје кое се споменува во Библијата е јабуката. Но нигде во Библијата не се споменува јабуката.

16. Витамин Ц

Вкоренато мислење е дека витаминот Ц е ефективен борец на настинката. Но повеќе од експертите истакнуваат дека нема никакви докази дека витаминот Ц на било кој начин ја лекува и помага во надминувањето на настинката.

17. Кофеин

Често мислење е дека кофеинот предизвикува дехидрација. Иако пијалоците кои содржат кофеин може да имаат благ ефект на дехидрација сепак тие не го зголемуваат ризикот од дехидрација.

18. Пингвини

Романтичарите ќе останат разочарани, но паровите пингвини не остануваат верни целиот живот.  Генерално може да се рече дека пингвините се сериски моногамни, односно исклучиво со еден партнер за определен период, што значи веројатно е дека следната година тие ќе пронајдат друг партнер.

19. Стаорци во Лондон

Раширен е митот дека во Лондон секогаш се крие некој стаорец на помалку од два метри одалеченост од вас. Но ова не е вистина бидејќи стаорците не се толку рамномерно распределино по градот.

20. Темната страна на Месечината

Постои ли темна страна на Месечината? Очигледно не, бидејќи Месечиниата континуирано се врти околу својата оска. Но не постои и некое место на земјата кое би можело да е во постојан мрак.