Македонија
23. January 2022 - 20:24

20 починати и 1.424 нови случаи на КОВИД-19 во земјава

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 790, Битола – 92, Куманово – 57, Струмица – 48, Кавадарци – 45, Штип – 43, Прилеп – 37, Охрид – 36, Тетово – 35, Гевгелија – 33, Гостивар – 31, Кичево – 27, Велес – 24, Ресен – 20, Неготино – 18, Кочани и Свети Николе – по 13, Крива Паланка – 10, Струга – 8, Виница – 7, Радовиш, Пробиштип, Богданци и Македонски Брод – по 5, Делчево, Берово и Демир Хисар – по 3, Кратово и Демир Капија – по 2, Дебар, Валандово, Крушево и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.424), регистрирани се 214 реинфекции.

Регистрирани сe 1.083 оздравени пациенти од: Скопје – 496, Битола - 122, Куманово – 67, Прилеп – 56, Кавадарци – 39, Кичево – 32, Велес – 31, Ресен – 30, Охрид – 29, Штип – 28, Гостивар – 21, Радовиш – 20, Неготино – 18, Кочани – 17, Гевгелија – 15, Берово – 11, Свети Николе – 10, Струга – 7, Богданци и Демир Хисар – по 6, Пробиштип – 5, Виница – 4, Крива Паланка, Македонски Брод и Кратово – по 3, Валандово – 2, Дебар и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица:  6 починати лица од Скопје (69г, 72г, 77г, 82г, 89г и 90г), по 2 починати од Велес (43г и 69г), Струмица (65г и 66г) и Прилеп (58г и 80г) и по едно починато лице од Струга (89г), Крива Паланка (81г) и Богданци (75г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Куманово, Прилеп и Тетово на возраст од 63г до 80г. Пријавените се починати во период од 4.01.2022 до 20.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во домашни услови, а две лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=20), три лица се целосно вакцинирани.

Направени се 5.604 тестови преку: ИЈЗ-357, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-103, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-84, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–285, Жан Митрев (Филип Втори)-149, Авицена-177, Биотек-269, Систина-95, лабораторија Лаор-247, Синлаб-38, Ремедика-9, Плодност-108, Генеа-14, Никоб Лаб-592, ВФВ Медикал-86, Ели Медика-46, Ројал Медика–31, Спектра-ММ-37, Рапид Лаб–53, Жан Митрев Струмица–24, Нова Лаб Дијагностика–18, Рамус-27, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.663.

Досега во земјата се направени вкупно 1.746.689 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.281, бројот на оздравени пациенти е 227.492, на починати е 8.218, а бројот на активни случаи изнесува 20.571.