Македонија
15. July 2015 - 20:10

200 илјади долари донација од САД за МВР

Поквалитетни анализи и вештачења на доказите , МВР доби модерна опрема и нови капацитети за складирање на доказниот материјал. САД со донација од 200 илјади долари овозможи целосно реновирање на објектот каде се чуваат доказите.

Со новите методи полесно ќе бидат собирани,ракувани и обработени. Променет е и концептот на означување на доказите со поединечен бар код  кој на службите ќе им овозможи следење во реално време.

СО програмата ИЦИТАП е опфатена и платформа за развој и имплеметација на системско решение со кое ќе се интегрира криминалистичката техника во државата.

-Зградата е комплетно реновирана со донација од 200 илјади американски долари и е мултифункционална модерна установа за собирање, ракување и обработка на докази со различни методи, рече Бејли, додавајќи оти со подобрените процедури ќе има и поголема достапност на важните докази во кривичните судења, а ќе овозможува и по правични судења во насока на прифатливоста на доказите во кривичната постапка, изјави Бејли амбасадор на САД во РМ.

Оваа донација е резултат на партнерството на САД со Македонија и заедничката решеност да се зацврсти владеењето на правото.