Македонија
12. August 2022 - 15:09

21-годишник силувал малолетничка од Радовиш

21 годишник од Василево силувал малолетничка од Радовиш.

- На 11.08.2022 во 20.30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода С.И. (21) од село Василево, струмичко. Тој е осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка од Радовиш, информираат од МВР.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, запознаен е Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и по поднесување на кривична пријава во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од основен суд Струмица.