Македонија
23. May 2020 - 16:51

21 пациент добија нова надеж дека ќе добијат ново срце

Освен тимот кардиохирурзи кои цела ноќ неуморно работеа на првата трансплантација на срце во земјава, без сон останаа и пациентите кои живеат со надеж дека еден ден ќе добијат ново срце. Меѓу ни е и 61-годишниот Даниел Тодоровски кој веќе две години функционира со вграден апарат.

Психичка подготвеност, носење на батерија во специјален ранец и шише вода, во придружба на свој најблизок, е секојдневието на овој 61-годишен скопјанец,  но и на уште 20 пациенти кои живеат во исчекување на донор. Според Даниел, главниот проблем поради кој малкумина се осмелуваат на ваков чекор, е тоа што не донорот, туку неговото семјество одлучува дали ќе спаси нечиј живот.

Даниел вели дека за жал, се поголем е бројот на млади луѓе кои имаат кардиоваскуларни проблеми, како резултат на современиот начин на живот. Најмладиот пациент во земјава кој има вештачко срце е на 25 годишна возраст.