Македонија
23. March 2020 - 12:44

22 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: 
- Скопје (81) -  од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје
- Дебар (40) -  од кои 1 починат
- Штип (7)
- Куманово (3) -  од кои 1 починат
- Кавадарци (2)
- Охрид (2) - од кои 1 лице е од Скопје а е во иозлација во Охрид 
- Гостивар (1).