Македонија
24. December 2021 - 12:03

24 годишник од Штип удрил во паркирано возило, при што настанал пожар во возилото кое го управувал

Собраќајна нерсреќа вчера утрото се случила во Штип, откако моторно возило „шевролет спарк“ управувано од 24 годишник од Штип удрило во паркирано возило, при што настанал пожар во возилото кое го управувал.
На 23.12.2021 во 08.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Карл Маркс“ во Штип, патничко моторно возило „шевролет спарк“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.А.(24) од Штип, удрило во паркирано патничко моторно возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, при што настанал пожар во возилото „шевролет спарк“. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.К.(62) од Штип, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.