Македонија
8. November 2020 - 10:38

283 санкции за неносење маска во текот на изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (07/08.11.2020) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 283 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Kовид-19.