Македонија
13. јуни 2020 - 18:50

31-годишна трудница од Гостивар меѓу починатите од коронавирус

31-годишната пациентка од Гостивар која почина на Инфективната клиника во Скопје како заразена од коронавирус е трудница која на 26-ти мај е потврдена како позитивна и била итно оперирана од гинеколози пред да биде сместена на Инфективна, пишува Телма.

Во гинеколошка итна операција на 26-ти мај, пациентката е оперирана и е изваден мртов плод. Таа била префрлена на инфективната клиника кадешто било надзор на гинеколози, трансфузиолози, епидемиолози и инфектолози.

-ДЗСИ секојдневно го следеше лекувањето на трудницата и од аспект на нашите овластувања нема никакви забелешки за лекарските интервенции односно на пациентката и се дадени сите терапии и соодветна нега, изјави др. Иринка Бухова Сотирова за Телма.

Пациентката од Гостивар е е втората бремена жена која по гинеколошка интервенција починала од последици на коронавирус. Претходно 26-годишна жена од Куманово после породувањето, почина на инфективна клиника во Скопје.