33 години затвор за 13 велешани за силување малолетничка
Пет ипол години затвор, беше највисоката пресуда која денеска ја изрече судијката Даниела Димовска во Кривичниот суд за групата од 12 лица кои сексуално злоставувале 15 годишно девојче, ја злоупотребувале, некои од нив тргувале со неа и ја снимале. Од 12те осудени лица- сите на возраст од 20-30 години кога го сториле делото, шест од нив се осудени за силување, пет за трговија со дете, додека еден е осуден за снимање порнографија. Казните за сите се движат од една до пет ипол години. Еден доби и условна казна.
С.Д. – обвинет на 5 години и 6 месеци
Д.С. – 4 години и 6 месеци
Д.Н. – 4 години и 6 месеци
Т.И. – 4 години
С.Н. – 4 Години
А.Ф. – 1 година и 6 месеци
Б.Ф. – 1 година и 6 месеци
А.З. – 1 година и 6 месеци
Т.Л. – 1 година и 6 месеци
Р.В. – 1 година и 6 месеци
Х.Т. – 1 година и 3 месеци
Б.К. – условна казна од две години
Но при почетокот на судењето осудените не сакаа да бидат снимани од камерите на медиумите, па дел од нив ја напуштија судницата.
Според Обвинителството првоосомничен е 25 годишен велешанец кој во 2021 година преку инстаграм некиолку недели комуницирал со жртвата и ја довел во заблуда дека ќе почат љубовна врска. Па на првата средба снимал порнографски материјал, а потоа со снимката и се заканувал дека ќе ја објави и ја присилувал да оди во станови во Велес каде останатите машки лица, под дејство на алкохол и дрога вршеле полови дејствија врз малолетничката.
Што точно се случувало помеѓу осудените и жртвата не се знае, со оглед на тоа што образложувањето на пресудите беше затворено за јавноста поради заштита на жртвата, но адвокатите на дел од обвинетите во нивна одбрана јавно кажаа дека таа и во минатото и денес имала проблематиочно однесување, конзумирала и дрога и алкохол и дека нивните клиенти се жртвени јагниња во овој случај.
Во казната на осудените им се пресметува и времето поминато во притвор. Иако сите од нив беа или во затворски или во куќен притвор, со одлука на Апелација им беше укинат и им беа доделени само мерки на претпазливост. Иако на првото рочиште беа донесени со полициски комбиња, денеска дојдоа со своите автомобили.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар