Македонија
10. September 2020 - 16:39

36 училишта побарале дозвола за настава со физичко присуство

36 училишта чекаат одговор од Владата дали ќе може да одржуваат настава со физичко присуство на учениците. Од нив 15 се средни и 21 основно училиште. По барањата ќе се одлучува на следната владина седница. Од оние кои приложиле дека имаат услови за нормална настава дел се од Скопје останатите од внатрешноста а барање испратиле и  приватни средни училишта.

Подготвена е драфт верзијата на новата национална платформа за онлајн настава и наскоро ќе биде промовирана.

Дали во државата ќе има доволно брз интернет за онлајн настава на учениците останува да покаже времето со какви се предизвици ќе се соочат училиштата и оваа учебна година. Според најновото истражувањето на компанијата Cable.co.uk, за широкопојасен интернет спроведено во 221 држава. Македонија се наоѓа на 109 место и е последна од земјите во регионот. Во државава според брзината на интернет потребен е речиси еден час за да се симне филм со големина од 5гб а просечната брзина е 11,48мг по секунда. Пред нас се сите соседни земји а со најбрз интернет во регионот е Хрватска.