Македонија
26. March 2020 - 14:59

37 лица не го почитувале полицискиот час - дури 3 угостителски објекти работеле и покрај забраната

37 лица завршиле во станица, а уште толку ќе добијат прекршочна што не ја испочитувале мерката полициски час. Полицијата извршила контрола на над двесте угостителски и други објекти, а три од нив заработиле парична казна која според законот изнесува до 500 000 евра.

Според евиденцијата на МВР , на територија на државата на 368 лица им се издадени решенија за изолација . 82 лица потпишале изјава за самоизолација, а од страна на полициските служби извршени се контроли и е констатиран само еден случај на лице кое не ја почитувало самоизолацијата.

До сега во домашна изолација се вкупно 10 414 граѓани а од нив мерката ја прекршиле околу 150 лица.

Секое лице кое ќе го прекрши членот  206  од ЗКП за не постапување според здравствените прописи за време на епидемија , ќе плати казна до 2500 евра или една година затвор.

 Во главниот град сликата е иста веќе неколку дена, на неколку минути пред 21 часот голем број граѓани се уште се надвор, дел пеш, други со автомобил.

Од викендов полицискиот час ќе почнува од 16 часот до 5 изутрина. Владата соопшти сите кои работат за време на викенд, да се реорганизираат и да завршат со работа најдоцна до 15 часот за навреме да пристигнат дома.