Македонија
10. October 2020 - 18:05

393 нови случаи на КОВИД-19 во земјава

Институтот за јавно здравје објави дека во последните 24 часа се регистрирани 393 позитивни на корона вирусот.

Повторно Скопје е со најголем број – 190 позитивни на тестирањата.

Во повеќе градови се бележи двоцифрен резултат од тестирањата.

Нема починати лица.

Во изминатото деноноќие направени се 2464 тестирања.