Бизнис
19. November 2020 - 16:32

46.000 невработени од стартот на Ковид кризата

Од почетокот на пандемијата до сега вкупниот број невработени се зголеми за 46.000 лица. Од Агенцијата за вработување тврдат дека без работа поради Ковид останале скоро 16.000 ( 15858). Од нив, само во октомври се нешто над 1,000 лица. Најголем дел ( 7289) се на возраст од 30 до 49 години, кога се најработоспособни, но има и скоро 4.000 над 50 годишна возраст. 

Причините за отпуштања на најголемиот дел, ( 7,000) се дека им истекле договорите за работа, останатите или спогдбено си дале отказ или го добиле од работодавачот. Има и 450 лица кои останале без работа поради престанок на фирмата со работа.  

Најмногу отпуштања има во преработувачката индустрија (5713 лица) и трговијата на големо и мало (3,076). Во услужниот сектор без работа останеле близу 1.400 лица или под 10%.

Работното место најчесто го губат граѓаните со средно или основно образование. . Но според податоците на Агенцијата за вработување и 3,000 лица со високо образование останеле без своето работно место.