Македонија
3. July 2020 - 19:57

49-годишен охриѓанец се удави во водите на Охридското езеро

Охридското езеро ја зеде првата жртва ова лето. Се удави 49 годишен охриѓанец. Беживотното тело беше  пронајдено во водите околу 14 часот и 30 минути на плажа на кеј Македонија во близина на угостителски објект.

Очевидците видно вознемирени пред камерата на Сител велат дека сите обиди да го повратат во живот биле залудни, а сликата била жалосна.

На местото на настанот, увид извршија Јавен обвинител и полициски и медицински екипи од итната медицинска помош, врз чие тело не се забележани видливи траги на насилство