Македонија
15. May 2019 - 16:03

5-мина загинати во сообраќајка во Драчево - со возилото директно удрил во камион

Згмеченото возило рено кампус сведочи за трагедијата на булеварот Борис Трајковски во која ноќеска загинаа петмина драчевци..

Несреќата се случила 20-тина минути пред полноќ на влезот во Драчево. Според информации од истрагата, автомобилот се движел во правец кон населбата.. Одеднаш возилото преминало во спротивната коловозна лента по која се движел автосмеќар. Реното било прегазено од неколку тони тешкиот камион за транспорт на смет..

Ударот бил смртоносен за Јованче Лазаревски кој управувал со реното и четворицата патници, две жени и двајца мажи. Жртвите се на возраст од 37 до 54 години..

Зад воланот во камионот се наоѓал 44 годишниот М.Ј кој по несреќата бил пренесен на лекување во градската болница, Св. Наум Охридски.. Лекарите Кај него констатирале контузии на главата и градниот кош. По укажаната помош, ноќта ја минал во болница за дополнителни испитувања и денеска е пуштен дома.

По несреќата, од МВР велат дека е неопходна поголема одговорност од учесниците во сообраќајот..

„Нивото на сообраќајната култура е многу важна. Вие може да правите низа на превентивни акции, кампањи за превенција, може да има и кампања за репресии и таа е многу ефикасна, меѓу тоа сето тоа ќе биде целосно ако и ние како граѓани се однесуваме максимално коректно“, вели Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.

Од јавното обвинителство информираат дека е напревен увид и дополнително ќе се утврдува како настанала сообраќајката..

„Автомобилот Рено 5 со скопски регистрации, од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад“, велат од обвинителството.

По наредба на јавен обвинител, телата на петтемина загинати се предадени за обдукција.. Причините за несреќата ќе се утврдуваат од сообраќајни вештачења и проверки за техничка исправност на возилата.