Балкан
20. May 2020 - 11:10

5 нови случаи на корона вирус во Врање

Во новото жариште на корона вирусот, Врање, во Србија, потврдени позитивни тестови кај уште кај четири луѓе, објавено е на страницата на Градот.

Како што се наведува, во текот на вчерашниот ден 321 примерок се пратени на тестирање за Ковид во лабораторијата во Ниш и во Белград, а пристигнати се резултати за 90 примероци.

Од нив, кај пет луѓе потврдено е присуството на корона вирусот.

Последните деноци Врање се покажа како ново жариште на заразата во Србија, откако повеќе вработени во две фабрики беа заразени со вирусот.