Македонија
15. January 2016 - 23:09

50 патници евакуирани – Се запали локомотива кај Свети Николе

Се запали локомотивата на возот што сообраќа на релација Скопје –Кочани. Доцна попладне околу 18часот, во близина на МИК Свети Николе, наеднаш, додека возот се движел избувнал пожар. Пламените јазици се прошириле на трите тони нафта во цистерната на локомотивата. Машиновозачот веднаш запрел, а околу 50 патници кои се превезувале, за кратко време биле евакуирани.

- Машиновозачот, кога се запалила машината, рекол бегајте сите од возот- изјави Ванчо Кировски, родител на студент од Кочани кој се превезувал

Благодарение на брзата реакција нема повредени патници и персонал. ТППЕ од Свети Николе пристигнала со 2 возила, но не можеле да се приближат до локомотивата.

- Поради непристапност на теренот, моравме пешки да одиме 200-300 метри со противпожарни апарати- изјави Марјан Серафимов, пожарникар ТППЕ-Свети Николе

Од кругот на фабриката се влечени 5 црева за дотур на вода за да се изгасне огнот. Пожарот за кратко вреем е изгаснат, а патницитее , од кои поголем број студенти од Штип и Кочани, кои се враќаа од Скопје, се упатија по пругата. Се претпоставува дека причина за пожарот е искра при кочење, но точните причини ќе ги покаже истрагата.