Македонија
6. October 2016 - 13:50

55-годишен скопјанец испил солна киселина па се фрлил во Вардар

Во полицијата во Карпош, од медицинска сестра од Итна помош, во 19 часот и 45 минути бил пријавен вистински хорор. Непознато лице паднало во реката Вардар, во близина на одбојкарското игралиште. Од извршените проверки било утврдено дека се работи за 55-годишниот Р.К. од Скопје кој испил поголема количина алкохол и солна киселина. Истиот од случајни минувачи бил изваден од реката и со возило на Итна помош бил пренесен на Токсикологија.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.