Свет
20. September 2021 - 16:32
6 загинати и 19 повредени во пукање во кампусот на државниот универзитет во рускиот град Перм
6 лица загинаа а 19 се повредени во пукање во кампусот на државниот универзитет во рускиот град Перм.
Жртвите се студенти и професори.
Стрелецот исто така студент на универзитот не бирал во кого ќе пука.
Луѓето бегале а некои во паника и скокале од прозорците.
Напаѓачот кој има 18 години е приведен. При апсењето пружи отпор и е повреден објави полицијата. Тој имал дозвола за ловечко оружје а пушката што ја користел во нападот ја купил легално.
Тимур Бекмансуров нападот го најавил на социјалните мрежи.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
-->
-->