Loading Video...
Кошарка
12. August 2020 - 9:26

61 поен на Лилард во победата на Портлад над Далас

Демијан Лилард ја одбележа вечерта во НБА лигата, постигнувајќи 61 поен во победата на Потланд над Далас со 134-131, со која „Трејлблејзерси“ остануваат во најповолна ситуација за последното осмо место во Западната конфенерција кое носи плас,ман во плејофот. 

Покрај Лилард, значајна улога одигра и ветеранот Кармело Ентони кој на 26-те  поени придодаде и 8 скокови, додека кај Далас, Порзингис постигна 36, а 

Дончиќ нпокрај 25-те поени имаше и 10 асистенции и 8 скокови 

Портланд, има победа повеќе од Мемфис и Феникс односно две повеќе од Сан Антонио, тимови кои исто така сеуште се надеваат на плејофот. 

Мемфис беше единствениот тим од оваа четворка кој загуби и тоа од Бостон со 122-107, додека „Санси“ славеа во дуелот против Филаделфија со 130-117, а Сан Антонио го победи Хјустон со 123-105. 

До крајот на регуларниот дел остануваат уште три дена, во кои овие екипи ќе одиграат уште по еден натпревар и тоа, Мемфис против Милвоки, Феникс за противник ќе го игра Далас, Сан Антонио ќе се судри со Јута, а Портланд ќе се сретне со Бруклин.