Македонија
30. March 2016 - 16:28

79-годишен гостиварчанец почина по удар од автомобил

Утрово почина пешак во сообраќајка во Гостивар.

Во несреќата која се случила на улицата Беличица, учествувале патничко возило „Сеат ибица“ управувано од 29-годишен жител на село Беловиште и 79-годишниот пешак од Гостивар.

Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид на местото на несреќата, обезбеден е возачот и возилото за вештачење, а над безживотното тело ќе се врши обудкција.

Се работи на утврдување на причината за несреќата и се друго поврзано со истата.