Балкан
4. July 2020 - 15:23

86 нови заразени со корона вирус во Хрватска

Во Хрватска во последните 24 часа забележани се 86 нови случаи на зараза од корона вирус, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи е 798, од нив 85 се во болница, а тројца се на респиратор. Полина едно лице.

Во самоизолација се 5.272 луѓе, а до денеска вкупно се тестирани 84.166 луѓе, од кои 1.264 во последните 24 часа.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска се забележани 3.094 заразени, од кои 113 починаа, а 2.183 се опоравија.