9-годишниот Никола е првиот донор на матични клетки во земјава, со што ја спасил својата сестра Ана Марија
Деветгодишниот Никола, весело момче кое сака да биде фудбалер, е првиот донор на матични клетки во земјава, со што ја спасил својата сестра Ана Марија, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил и додаде дека и двете деца се за восхит.
„Ана Марија и нејзиниот мал брат Никола се деца за восхит! Ова деветгодишно весело момче што сака да биде фудбалер, е првиот донор на матични клетки во нашата земја со што ја спаси својата сестра. На Ана Марија и беше извршена трансплантација на коскена срцевина и таа ја победи опасната болест. Ова прекрасно семејство го запознав на Клиниката за хематологија, си заминаа од болница по долгиот третман кој го водеше стручниот лекарски тим на Клиниката. На моите колеги им честитам за уште еден успех и триумф над опасната болест. На Ана Марија и Никола им посакувам безброј среќни моменти и многу здравје“, напиша Филипче на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица