АА: Одлуката за „27 април“ ја потврдува врската помеѓу двата режима
Алијансата за Албанците смета дека секое прекршување на законот, а посебно ваквите терористички дела, заслужуваат да бидат казнети со цел за да бидат поука за другите во иднина.
Фактот дека дел од казните за организаторите на 27 април ќе биде пресметан како куќен притвор, ги изедначува осудените за тероризам со учесниците во протестите.
Тоа уште еднаш ги докажува сите наши и на Стејт Департаментот проценки дека имаме заробено судство од страна на актуелниот режим.
Кога ќе се потсетиме како избега главниот организатор, Никола Груевски, како Сашо Мијалков го прогласија за невин во еден друг случај, а пак Агим Нухиу како Министер за внатрешни работи не беше ниту под истрага и одговорноста беше оставена само на неговиот заменик, Чавков, потоа законот за амнестија кон двајцата пратеници, Крсте Мукоски и Сашо Василевски што ги отворија вратите на Собранието за да толпата влезе внатре, што беше докажано и на денешното судење, додека Фета Алими го казнија неправедно, потоа како Талат Џафери го спаси Велјановски од одземањето на имунитетот, прегратките на Артан Груби со синот на Мијалков, фактот што Груевски беше информиран од страна на еден функционер на ДУИ и многу други слични дела и одлуки, денешната судска одлука воопшто не не изненадува. Сепак, оваа вест потврди една вистина околу која веќе никој нема да има дилеми. Денешниот хибриден режим бил и ќе остане тесно поврзан со главните лидери на поранешниот режим, додека овие два режими имаат еден заеднички именител, политичката партија –Демократска Унија за Интеграција.
Да бидете убедени дека еден ден во оваа земја правдата ќе пристигне и таа првично ќе пристигне за невините граѓани.
Алијанса за Албанците
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка