Кошарка
28. November 2019 - 20:08

АБА 2: „Металците“ победија во Белград

Предводени од расположениот Хиндс кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа и втората победа во серија во АБА лигата и се искачија на второто место на табелата веднаш зад лидерот Борац. Триумф во Белград наде екипата на Динамик од 92-82.

Металците  скромно го започнаа натпреврот но како што течеше времето играа се подобро и подобро и покажаа дека се подобар противник од домаќинот. 
Особено добро избраниците на Кочов играа во последната четвртина кога и ја обезбедија победата од 92-82. 
Хиндс го заврши мечот со 22 поени додека Крстевски имаше поен помалку. Добар меч одигра и Стојановски со 19 постигнати поени .