Кошарка
9. October 2019 - 20:00

АБА 2: Победа на МЗТ во Сараево

Извонредно второ полувреме на македонскиот претставник  во втората АБА лига, МЗТ Скопје што му донесе победа на гостувањето во Сараево кај екипата на Спарс од 77-65.

Ова е втор триумф на „штрковите“ кои дозволија домаќинот да направи предност по првата четвртина од 20-16 но во продолжението  кошаркарите на МЗТ направија пресврт и во вториот дел дојдоа и до позитива од 13 поени што им донесе важна победа.

Хиндс беше клучен играч со 23 поени заедно со Стојановски кој постигна 12 додека Омот запиша 10 поени.  Следниот меч „металците “ го играат во Скопје против словенечкиот тим Рогашка.