Кошарка
29. September 2017 - 22:36

АБА лига: Стартна победа за „металците“ на Партизан

Македонскиот првак во кошарка МЗТ Скопје со победа над белградски Партизан ја почна новата сезона од АБА лигата. „Металците“ победија со 92:89 (26:25; 16:23; 21:19 и 29:22).
Решавачкиот момент на дуелот беше кога по водството на гостите од 61:51, МЗТ Скопје направи серија од 24:9 за водство во финишот од пет поени.
Најефикасен кај МЗТ Скопје беше повратникот во тимот Дамјан Стојановски со 25 поени и со индекс 30, додека Бојан Трјковски реализираше 20 поени.
На првиот дуел од 1.коло Цедевита го победи ФМП со 74:67.
Другите дуели се играат од утре до понеделник.