Кошарка
15. January 2017 - 10:16

АБА: Соколи ја победија и Цибона

Кошаркарите на Карпош Соколи приредија уште едно пријатно изненадување во АБА лигата совладувајќи ја во Скопје загрепска Цибона со 76-60.

Ова е 6-та победа на Соколите во ова натпреварување. Клучна за победата беше серијата од 9-0 на домаќините на неколку минути до крајот. Пери со 20 и Трајковски со 19 поени беа најдобри во победничкиот тим.