Свет
27. December 2016 - 17:24

Абади: Потребни ни се три месеци да ја елиминираме ИД

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади изјави денеска дека на ирачките сили им се потребни три месеци да ја елиминираат Исламска држава, зборувајќи за борбите кои, со поддршка на коалицијата на чело со САД, се водат во Мосул. 

- Условите покажуваат дека на Ирак му се потребни три месеци да го елиминира т.н. Даеш, нагласи Абади.