Кошарка
13. February 2016 - 9:22

АБА:Незгоден пораз на „Металците“ во Задар

Кошаркарите на МЗТ, го запишаа 15-от пораз во АБА лигата, откако во петокот загубија во Задар со 84:72. На две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната МЗТ сеуште го нема обезбедено опстанокот, а првата меч топка ќе ја има во наредното коло, кога на домашен терен ќе го пречека Тајфун.
 
Катастрофалната одбрана, која кошаркарите на МЗТ ја одиграа во првото полувреме, ги однесе во пораз. Ништо не функционираше кај ‘металците’ во првите 20 минути, немаа никаква контрола во скокот, лошо превземаа во одбранта, што на домаќинте им овозможи многу лесни поени.
 
Блескаа во првото полувреме Краљевиќ и Шанго кои постигнаа 17, односно 15 поени и му овозможија на својот тим предност од 52:31.
 
МЗТ, во второто полувреме, за нијанса ја поправи својата игра, но и тоа не беше доволно да го избегне поразот.
 
Дреновац со 14 и Љубичиќ со 13 поени беа најефикасни во редвите на МЗТ, а двоцифрен број на поени, по 10, постигнаа Стојановски и Марко Луковиќ.
 
Краљевиќ со 24 поени и девет скокови и индекс на успешност 29 беше најдобриот играч на Задар, кој со оваа победа си го обезбеди опстанокот во АБА лигата.