Македонија
26. March 2020 - 19:37

Адеми: Сите опции за државната матура се отворени

Матурантите отворија петиција,собираат потписи да се откаже полагањето државна матура. Полагањето на испитот може да биде ризик по здравјето на сите ученици и тестатори стои во петицијата. Матурантите се повикуваат на примерот од Холандија каде запишувањето студии се одвива врз основа на резултатите од успехот во изминатите четири години. До  12 часот напладдне се потпишале 3,803ца а очекуваат 5000 и позитивен одговор од надлежните.

Ситуацијата кај нас моментално прогресира и не запира. Никој не може да претпостави уште колку ќе трае моменталниот хаос. Немаме онлајн часови со кои би можеле да се поткрепиме и да ги надокнадиме изгубените часови, но и тие го немаат истиот ефект како регуларните часови во поглед за подготвување за матура.

Од вчера во употреба е и онлајн платформата Е училница која треба да им помогне на оние наставници кои не изнашле начин за далечинско учење. На сајтот нема многу видео лекции, но тој е отворен за надополнување. Пристапот е различен , секое училиште се организира на свој начин а дициплината кај учениците е на високо ниво велат наставниците. Оценувањето останува проблем на кој работат од Бирото за развој на образование. Тие треба да осмислат начин на кој учениците ќе добијат оценки за наученото дома.