Македонија
19. December 2018 - 16:08

Адвокатите очекуваат законот да го блокира судењето, власта тврди дека не се меша во работата на судот

Законот за амнестија може да го прекине судењето за „27 април“, смета дел од одбраната во предметот.. За негова примена треба судот да одлучува по барањата за амнестија, велат адвокатите.. Очекуваат законот да опфати поголем дел од 33-та обвинети..

„Кривичниот совет ќе мора да одлучи во однос на секое лице кое ќе поднесе барање за амнестија поединечно и дури откако ќе бидат правосилни, Обвинителството со оние кои можеби нема да им се дозволи примена на законот, ќе може да прави прекфалификација и што ќе прави во однос на тој акт. Но ќе мора да ги исфрли сите лица а и сите докази од тие лица за кој ќе се примени законот за амнестија“, изјави Еленко Миланов, Адвокат.

Обвинителката Вилма Русковска веќе потврди дека не планира да го менува обвинителниот акт.. За примената на законот за амнестија изјави дека ќе чека тој да се објави во Службен весник..

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, законот за амнестија го спореди со амнестијата на Иванов која била сосема нешто друго од ова.. За Иванов, беше врз основа на непознати податоци, изјави обвинитрлката Јанева..

 „На основното јавно обвинителство и на судовите оваа амнестија сигурно ќе влијае, но не би сакала да коментирам нешто што не е во мој домен“, изјави Катица Јанева, СЈО.

Од владата велат дека донесувањето на законот не е мешање во судството.. Сметаат оти е тоа чекор во процесот на помирување во собранието.

Законот за аменстија не ги опфаќа организаторите на настаните од 27 април, насилниците, тие кои носеле оружје и фантомки како и лицата со службени овластувања што не постапувале..