Адвокатот на Трамп: Специјалниот обвинител кажа дека не може да покрене обвинение против американскиот претседател
Тимот на специјалниот обвинител Роберт Малер ја известил Белата куќа дека не може да подигне обвинение против претседателот Доналд Трамп без оглед на тоа какви докази може да собере против него во истрагата за руско мешање во изборите во САД, изјави адвокатот на Трамп, Руди Џулијани.
Поранешниот градоначалник на Њујорк изјави за Си-Ен-Ен и Фокс њуз дека тимот на Малер, кој испитува дали имало заговор меѓу Русија и предизборниот штаб на Трамп за изборите 2016 година, прифати да се придржува до одредба на Министерството за правда од времето на претседателот Никсон, која била потврдена и за време на Клинтон. Според неа, не може да се покрене обвинение на актуелен претседател.
- Можат само да известат. Не можат да подигнат обвинение. Го признаа тоа пред нас, изјави Џулијани.
Малер беше назначен за специјален обвинител пред точно една година, на 17 мај.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно