Македонија
11. July 2015 - 14:47

Аеродромец со „голфот“ си заминал од дома, сопругата го бара со полиција

Синоќа во 22,00 часот во полициската станица Аеродром, К.Б.(1959) од ул.„Тодор Чангов“, пријавила дека на 06.07.2015 година во 15,00 часот, од дома во непознат правец со патничко возило „Голф 3“ се оддалечил нејзиниот сопруг К.Т.(1951).

Истиот на 08.07.2015 година бил во полициска станица во Охрид, а по заминување од полициската станица, веќе не бил достапен на мобилен телефон, а бил побаран кај неговите роднини и пријатели кои исто така не го виделе. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.