Македонија
23. December 2016 - 15:04

Ахмети ги покани на средба лидерите на албанските партии

 Претседателот на ДУИ Али Ахмети ги поканил на заедничка средба лидерите на сите албански партии во Македонија.

Од ДУИ за МИА потврдија дека средбата треба да се одржи утре во 13 часот во Скопје, а покани се испратени до сите албански партии, без исклучок.

Се очекува да се разговара за политичката состојба во Македонија по превремените парламентарни избори на 11 декември.

Засега нема потврда од поканетите партии дали ќе одат на средбата со Ахмети. Се огласи само Беса, од каде велат дека партиското претседателството вечер на состанок ќе одлучи дали ќе ја прифатат поканата од лидерот на ДУИ.