Македонија
24. November 2020 - 10:49

Ахмети: Груби бил само преведувач во „Жолтата куќа“

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во вчерашното гостување на ТВ 21 рече дека првиот вицепремиер Артан Груби имал само улога на преведувач во таканаречената „Жолта куќа“ на Косово.

-Ништо повеќе од тоа – рече Ахмети, додавајќи дека не му е пријатен нападот врз тогашната ОНА која, според него, се борела за права и слобода на Албанците во Косово.

Тој истакна дека верува во меѓународната правда и дека, како што рече, обвинетите поранешни команданти на УЧК ќе ја докажат невиноста.