Македонија
2. February 2018 - 17:13

Ахмети се сретна со францускиот амбасадор Тимоние

Политичките актуелности, спорот за името, законот за употреба на јазиците и Евроатланската интеграција и системските реформи. Ова се темите за кои денеска разговарале претседателот на ДУИ Али Ахмети и амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние.

Како што соопшти ДУИ, на средбата Ахмети зборувал за процесот посредуван од медијаторот Нимиц за спорот со Грција и изразил целосна поддршка за интензивни преговори за конечно решавање на спорот.

Ахмети истакнал дека владината коалиција и парламентарното мнозинство се подготвени да им пристапат на последните пречки на нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Ја поканил и опозицијата да го поддржи овој процес.

Според Ахмети, достоинствен и прифатлив компромис за двете страни е достапен.

Претседателот на ДУИ ја истакнал и неопходноста од продолжување со реформскиот процес во земјата.