Loading Video...
Фудбал
6. March 2019 - 16:58

Академија Пандев пред пласман во финалето на Купот на Македонија

Екипата на Академија Пандев е пред пласман во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија. „Пандевци“  забележаа убедлив триумф над прилепска Победа со 3:1 во првиот полуфинален меч одигра попладнево. 
 
Велинов во 53.минута го постигна првиот гол за домаќините, а Милановиќ беше стрелец на следните два во 54-тата и  62-та минута. Единствениот гол за Победа беше дело на Макота во 81-минута. 
 
Потсетување дека во првиот полуфинален дуел Македонија ЃП како гостин со 1:0 ја победи Беласица. 
 
Реванш натпреварите во Скопје и Прилеп ќе се играат на 10 април