Бизнис
1. March 2021 - 16:46

Акциите на банките поцрвенеа на берза по одлуката на НБРМ

Поцрвенеа банките на берза. Вредноста на акциите на сите банки денеска потона, а кај некои падот е двоцифрен.

Намалувањето на врендоста на акциите на банките беше очекувано по Одлуката на НБРМ да забрани исплата на дивиденда до крајот на годината. Централната банка одлуката ја правда со претпазливност заради пандемијата, со најава дека станува збор за времена мерка која може да престане да важи порано од првично планираното.

Од Македонската банкарска асиоцијација денеска велат дека нивниот став ќе биде познат неделава. Досега од банките се огласи само Комерцијална, банката која веќе имаше донесено одлука за распределба на дивиденда. Од таму најавија можност за оспорување на одлуката на Народна банка пред Уставен суд.

Акциите на банките почнаа да паѓаат во петокот кога Централната банка ја објави одлуката.