Македонија
10. October 2016 - 17:57

Акција за собирање на кабаст отпад во Кисела Вода

На 14 и 15 октомври општина Кисела Вода ќе биде спроведена акција за собирање кабаст отпад.

Активностите ќе се реализираат по урбани и месни заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот.

Во петок отпадот ќе се собира од 7 до 11 часот во урбаните заедници Кисела Вода, Расадник, 11-ти Октомври-бараки, Пинтија, Бобан Трпков-н. Драчево, село Драчево и Усје и Градинар. На 15 октомври во истото време во урбаната заедница „Цветан Димов“, потоа Бирарија, Црниче, Пржино и 11-ти Октомври-згради.

Од општината апелираат до сите граѓани, отпадот да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домови и колективните згради на пошироките улици, а притоа да не се загрозува сообраќајот за автомобилите и пешаците.

Кабаст отпад опфаќа секаков вид домашен отпад (мебел, бела техника, електронски отпад, опрема – делови за бања и купатило) освен градежен шут, гранки и комунален смет.