Бизнис
7. November 2019 - 16:34

Акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид ставена во мирување

Уривањето на дивоградбите во Охрид стагнира. И покрај тоа што рокот кој им беше даден на сопствениците самите да ги отстранат нелегалните градби измина ниту еден од објектите сеуште не е срушен ,акцијата е ставена во мирување.

Градоначалникот Георгиески вели дека уривањето не е прекинато туку се одвива согласно планот додавајќи дека правните постапки сеуште се во тек.

Претставниците од Унеско пак кои требаше во ноември да дојдат за да утврдат колку од препораките кои на државата и беа дадени во јуни годинава се исполнети ја пролонгирале посетата за крајот на декември.

Георгиески потенцира дека со новиот буџет на општината ќе се издвојат повеќе од десет милиони денари за поефективно делување на терен.

„Чистењето“ на градот од објектите изградени без дозвола доаѓа после големите критики на УНЕСКО и опасноста градот да се најде на листата на загрозени подрачја. Акцијата за уривање започна на 20 септември со бесправно изградена индивидуална куќа на улица „Марко Нестороски ,потоа продолжи кај угостителските објекти долж езерото и еден хотел во близина на населбата Далјан.