Ако има потреба ќе се продолжат рестриктивните мерки по 20 април, кажа Филипче
Продолжувањето на сегашните рестриктивни мерки по 20 април ќе зависи од епидемиолошката состојба и индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој додаде дека ако има потреба мерките можат да се продолжат или да се модифицираат.
-Нема да има ниту еден друг параметар или критериум освен заштита на здравјето, а во таа смисла проценка на епидемиолошката состојба која ќе биде причина мерките да продолжат или да се модифицираат, рече министерот за здравство.
Тој истакна дека надлежните институции ќе разговараат за ова и согласно состојбата ќе донесат соодветни одлуки.
-Во таа смисла проценки ќе се прават и викендот и на почетокот на следната недела и согласно тоа ќе се одлучува, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање по посетата на вакциналниот пункт во Салата „Борис Трајковски“.
Во моментов на сила е ограничување на движењето на граѓаните во период од 20 до 05 часот, а затворени се и угостителските обекти и теретаните, а со пункт за уплата функционираат обложувалниците.
Министерот Филипче одговараше и на прашање за информации за недостиг на реагенси за лабараториски анализи и за брзи тестови и притоа истакна дека по направената проверка било констатирано дека во сите лабаратории има сосем доволно количини на реагенси за вообичаените анализи, како и а тие што се однесуваат на Ковид-19. Има, нагласи министерот, и сосема доволна количнина брзи тестови на сите пунктови
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри